18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев на рехабилитација од повредата, не доаѓа за мечот со Црна Гора

Пандев на рехабилитација од повредата, не доаѓа за мечот со Црна Гора

пандевпан

Играчот на Џенова Горан Пандев, кој го најави своето враќање во фудбалската репрезентација на Македонија, поради повреда нема да допатува во Скопје.

Македонија на 12. и 15.ноември, под водство на новиот селектор Игор Ангеловски ќе одигра контролни натпревари против Црна Гора и Либан.

Пандев пред две недели го повреди бутниот мускул, поради повредата ќе отсуствува уште најмалку десет дена од фудбалските терени.

„Жал ми е што нема да можам да пристигнам на собирот на репрезентацијата иако тоа го најавив по разговорот со селекторот Ангеловски пред две недели во Џенова. Повредите се составен дел од фудбалот, а во овој период се опоравувам од повреда на задната ложа. Во понеделник во Милано заминувам на снимање со магнетна резонанца и во консултација со тренерот Џан Пјеро Гасперини и со лекарскиот тим на Џенова кој даде препорака да не патувам, одлучивме дека сега е најдобро да се фокусираме на здравјето со надеж дека брзо ќе се опоравам и ќе конкурирам за место во тимот. Селекторот Ангеловски ја знае ситуацијата со повредата, ја разбра ситуацијата и се договоривме дека нема да форсираме ништо“,изјавил Пандев за официјалната интернет страница на ФФМ.

Пандев во репрезентацијата на Мекадонија дебитираше во 2001 година, за националниот тим има одиграно 75 натпревари и постигнато 26 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП