ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународно основно училиште ќе биде отворено во Скопје

Меѓународно основно училиште ќе биде отворено во Скопје

spire 333

Меѓународно основно училиште ќе биде отворено во Македонија, како заеднички проект на Министерството за образование, Британскиот совет и Бирото за развој на образованието.

За таа цел, Министерството за образование веќе објави конкурс на кој ќе се избираат наставниците.

„Сведоци сме дека се повеќе има интерес кај родителите и децата да учат на англиски јазик, дел од нив се запишуваат во приватни училишта. Затоа како Влада одлучивме да пробаме, прво да најдеме соодветен кадар. Планот е во една од скопските општини, во веќе постојните училишта, да бидат отворени првите паралелки. Потоа, според тоа како ќе се развива интересот, дополнително ќе ги определуваме следните чекори“, изјави заменк- министерот за образование, Спиро Ристовски.

Тој најави дека проектот првично ќе се реализира во Скопје, почнувајќи од прво одделение и тоа како двојазична билингвална настава. Дел од наставата ќе се одвива на мајчин, а дел на англиски јазик.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП