24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве бара 30 милиони за Видал

Јуве бара 30 милиони за Видал

vidal

Јувентус ja објави цената на нивниот играч Артуро Видал. „Старата дама“ се согласува да се раздели со латиноамериканецот, но само под услов заинтересираниот клуб да плати оштета од 30 милиони евра.

Интересот за услугите на Видал воошто не е мал. Според информациите на италијанските медиуми, најмалку три клуба сакаат да го видат Чилеанецот во своите редови.Станува збор за Баерн, ПСЖ и Реал Мадрид.

Високата цена, нема како да ги откаже заинтересираните за потписот на Видал. Дури и да се најде некој да ги плати бараните 30 милиони, Јуве ќе биде во голем плус, поради тоа што тие пред две години го зедоа Видал од Леверкузен за трипати помала цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП