ПочетнаКОМПАНИИАнтонио Аргир нов генерален директор на НЛБ Тутунска банка

Антонио Аргир нов генерален директор на НЛБ Тутунска банка

an

Антонио Аргир ќе биде прв човек на НЛБ тутунса банка од 1 јануари 2016 година, а актуелниот прв генерален директор на банката Ѓорѓи Јанчевски заминува во пензија.

Ова беше објавено во на прославата на три децении работење на македонскиот банкарски пазар на НЛБ Тутунска банка.

Одлуката ја донесе раководството на Нова Љубљанска банка заедно со менаџментот во Скопје.

Антонио Аргир во јули годинава стана член на Управниот одбор на Банката, а претходно беше директор на Деловен сектор-деловна мрежа и член на Одборот за управување со ризици во НЛБ Тутунска банка.

Јанчевски, кој 30 години е во банката и 20 години е на нејзино чело, рече дека ја остава банката на врвни професионалци и на старо новиот Управен одбор.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП