29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерги праќа авиони по играчите

Ферги праќа авиони по играчите

united

Поради играчите од Азија и Јужна Америка, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон изнајмил приватни авиони за да ги соберат фудбалерите од целиот свет за што побрзо да се приклучат на екипата.

Манчестер во сабота ќе игра против Сандерленд, а веќе во понеделник ќе ги одмерат силите со Челзи во четвртфиналето од ФА купот.

Фергусон откри дека на овие два натпревари ќе настапат две различни екипи. Најголем терет ќе имаат Видиќ, Гигс, Сколс и Андерсон, поради тоа што тие не настапуваа за своите репрезентации, а дури 13 фудбалери на Јунајтед имаа обврски во своите национални тимови.

„ Пред крајот на сезоната свежината е најважна. Значајни натпревари се почесто ќе имаме и тоа на краток временски период, па поради тоа, покрај што треба добро да се подготвиме, треба и да се одмориме“, истакна Фергусон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП