ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи три недели без Ивановиќ

Челзи три недели без Ивановиќ

ivanovic 98

Фудбалерот на Челзи, Бранислав Ивановиќ поради повреда ќе отсуствува од тимот во наредните три недели, објави Sky Sport.

Ивановиќ со повредата се здоби настапувајќи за својата репрезентација на натпреварот со Албанија во Елбасан. Тој по еден час игра го напушти теренот, а на крајот неговата репрезентација триумфираше со 2:0.

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, на услугите на Ивановиќ нема да може да смета на дуелите во Премиерлигата кои Челзи ќе ги одигра против Астон Вила, Вест Хем, Стоук и Ливерпул, односно на натпреварот со Динамо Киев во Лигата на шампионите.

Ивановиќ е играч на Челзи од 2008-ма година, претходно бил фудбалер на Срем, ОФК Београд и Локомотив Москва.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП