24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Сочи ќе складираат снег за Игрите

Во Сочи ќе складираат снег за Игрите

sneg

Организаторите на Олимписките игри во Сочи започнуваат да складираат снег како осигурување за евентуалната „топла зима“ следната година.

Додека во руската престолнина се борат со снежните бури, во црноморското одморалиште времето е пролет, па поради тоа организаторите на игрите се обидуваат да си обезбедат гаранција доколку ги изненади времето.

„Имавме многу чудна зима“, изјави директорот на ски-одморалиштето „Роза Хутор“ во реонот на селото Краснаја, Сергеј Башин.

Околу 450 илјади кубни метри снег ќе бидат покриени со „специјална термо покривка“, за да не се стопи снегот во текот на летото.

„Сакам да ги уверам сите натпреварувачи дека нема да има никакви проблеми со недостаток на снег во февруари следната година, дури и ако имаме повисоки температури”, додаде тој.

Башин очекува околу 150 илјади кубни метри од резервите на снег да се стопат, но ќе останат околу 300 илјади кубни метри, кои ќе обезбедат присуство на снег при сите услови. Операцијата за складирањето на снегот ќе чини околу 11 милиони долари.

Претседателот на организацискиот комитет на Сочи 2014, Дмитриј Чернишенко изјави неколку пати дека времето почнува да се претвора во голем проблем за организаторите кои се обидуваат да ги завршат навреме проектите за изградба на инфраструктурата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП