ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот Иванов ќе се сретне со владиниот тим за странски инвестиции

Претседателот Иванов ќе се сретне со владиниот тим за странски инвестиции

ivanov 222

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ги прими членовите на владиниот тим за странски инвестиции.

Целта на средбата, како што соопштуваат од Кабинетот на Иванов, е координација и усогласување на надворешно – политичките активности, односно на економската дипломатија на македонскиот претседател со активностите на владиниот тим за странски инвестиции.

На средбата се очекува да бидат разменети идеи, мислења и иницијативи, со цел во рамките на дипломатските активности на претседателот Иванов да се засили неговата економска агенда.

„Имено, покрај досегашните традиционално добри трговски партнери на Република Македонија и земји од каде имаме присуство на странски инвеститори, да се одредат државите во кои е неопходно во наредниот период да се остварат посети, да се интензивираат контактите и да се унапреди правната рамка во насока на создавање соодветни услови за потенцијалните инвеститори, како и услови за пласман на македонски производи“, се вели во соопштението.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП