20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар уште во ноември потпишал за Барса

Нејмар уште во ноември потпишал за Барса

neymar-barcelona

Бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Сантос, Нејмар потпишал договор со Барселона уште во ноември минатата година.

Според некои медиуми во Шпанија договорот меѓу двете страни ги задоволува сите меѓународни договори и дава повластена опција на Барселона за купување на правата на Нејмар од Сантос. Првите луѓе на бразилскиот клуб се информирани за потпишаниот договор од страна на 21-годишниот напаѓач.

Нејмар повеќе пати навесестуваше дека ќе го напушти Сантос по Мундијалот во 2014-та година кој ќе се оддржи во Бразил кога и му истекува договорот со тимот, но според шпанските медиуми тој може да го стори тоа уште ова лето.

Двата клуба веќе потпишале принципиелен договор, според кој доколку Сантос го спречува трансферот, ќе треба да и плати на Барселона компензација во износ од 20 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП