23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕкс плејот на МЗТ Цветковиќ ќе игра во Партизан

Екс плејот на МЗТ Цветковиќ ќе игра во Партизан

cvetkovik

Поранешниот плејмејкер на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Цветковиќ, кариерата ќе ја продолжи во белградски Партизан. Според порталот „mondo.rs“, Цветковиќ ги договорил условите и во среда ќе го парафира договорот со својот нов клуб.

Цветковиќ со голем успех го носеше дресот на МЗТ од декември 2013 година сè до крајот на минатата сезона. Во летниот период плејмејкерот беше на проба во Валенсија, но не успеа да избори договор со една од најдобрите шпански екипи.

Инаку, Цветковиќ ги минал сите младински селекции на Црвена ѕвезда, во 2010 година потпиша договор со ‘црвено-белите’, но во овој тим никогаш не доби вистинска шанса. Тој во МЗТ и настапуваше како позајмен играч од страна на Црвена ѕвезда.

Минатата сезона Цветковиќ во АБА лигата имаше учинок од 8,7 поени и 4,1 асистенција во просек по натпревар.

Покрај Цветковиќ, Партизан го потпиша и поранешниот српски репрезентативец Коста Перовиќ (217 сантиметри), а во текот на неделата се очекува да биде официјализирана и соработката со играчот од БиХ, Адин Врабац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП