29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Попов го реши Работнички

ПМФЛ: Попов го реши Работнички

prva liga

Горан Попов со голот во 93-та минута го реши градското дерби помеѓу Вардар и Работнички, кое се одигра во рамките на осмото коло во Првата македонска фудбалска лига.

На „Филип Втори“, Вардар ја забележа шестата првенствена победа, а Работнички го запиша четвртиот пораз, втор во серија откако минатата недела беше поразен од Шкендија.

Овие два тима кои во средата играа во Суперкупот, а победи Вардар на пенали, откако во регуларниот дел беше 1:1 со головите на Ивановски и Илијоски.

Во првенствениот дуел стрелците на првите два гола беа истите, но за разлика од Суперкупот поведе Работнички преку Илијоски, а израмни Вардар преку Ивановски.

Бодовите на Вардар му ги донесе Горан Попов во 93-та минута, кој најдобро се снајде во шеснаесетникот на Работнички. ‘Црвено-црните’ последните десет минути ги одиграа со играч помалку поради исклучувањето на Цезар Ромеро.

Лидерот на табелата Шкендија славеше над Силекс со 3:1. Голгетерската форма ја потврди Хасани кој постигна два гола во 51. и 66.минута. Претходно Ибраими го постигна првиот гол за Шкендија, а Силекс израмни преку Недељковиќ.

Металург во осмата рунда стигна до првата победа, откако во пресметката на двете последно пласирани екипи славеше минимално над Ренова. Даноски во 49.минута беше стрелец на единствениот гол.

Брегалница со головите на Нацев, Велковски и Здравков од пенал славеше над Турново со 3:0, додека Младост загуби со 0:2 од Шкупи. Адем и Демири беа стрелци за купи.

Табела, 8.коло : 1. Шкендија 21, 2. Вардар 20, 3 Силекс 13, 4. Младост ЦД 12, 5. Шкупи 11, 6. Брегалница 9, 7. Работнички 7, 8. Х. Турново 6, 9. Ренова 5, 10. Металург 5.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП