25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИстанбул не се откажува од Игрите

Истанбул не се откажува од Игрите

istanbul-2020-olympics

Претседателот на Турција, Абдула Ѓул изјави дека земјата ќе ги исполни сите ветувања од кандидатурата и ќе направи се што е потребно Истанбул да ја добие организацијата на Олимписките игри во 2020-та година.

Ѓул ова им го вети на инспекторите на МОК кои ја започнаа четиридневната посета на главниот турски град, каде што ќе ја проценуваат можноста на Истанбул да ги организира игрите.

Инспекторите веќе досега посетија два други града кои објавија кандидатури, а тоа се Токио и Мадрид.

Турција во својата кандидатура се потпира на силната економија, а меѓу останатото ветува и изградба на модерни спортски борилишта и објекти.

„Имаме историја во исполнување на ветувањата, а и кога очите на целиот свет ќе бидат свртени кон Труција ќе мораме да ги исполниме нашите обврски. Се надевам дека ќе ги запомните овие зборови, дека турската влада и премиерот Ердоган потполно се посветени на кадидатурата на Истанбул и дека ќе исполнат се што има во програмата“, изјавил Ѓул.

Истанбул за изградбата на инфраструктурата одреди буџет од 19.2 милијарди долари, додека Токио одреди 4.9, а пак Мадрид 1.9 милијарди долари.

Главниот град на Турција претходно четири пати безуспешно се кандидираше за игрите во 2000-та, 2004-та, 2008-та и 2012-та година.

„Мислам дека време е сега на Турција. Подготвени сме како никогаш досега и се надевам дека тоа ќе го видите во наредните неколку дена“, ги убедувал Ѓул инспекторите на МОК.

МОК по пат на тајно гласање на генералното собрание на организацијата на 7-ми септември во Буенос Аирес ќе го избере домаќинот за Олимписките игри во 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП