18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООд 20 менаџери веќе петмина се на чекор да заработат отказ!?

Од 20 менаџери веќе петмина се на чекор да заработат отказ!?

menageri anglija

Втор месец од Премирелигата, а веќе на петмина менаџери им се „тресе столицата“ во клубовите кои ги предводат. Шампионот Челси има разочарувачки старт, Ливерпул имаше поголеми очекувања, а дел од клубовите стравуваат за опстанок. Кој ќе биде првиот менаџер што ќе добие „клоца“?!

1. Тим Шервуд (Астон Вила)

Иако многу прогнозираа дека ќе има добри резултати, станува се појасно дека Шервуд ќе ја напушти Астон Вила. Во изминатите шест одиграни натпревари освои само четири бода.

2. Стив Мекларен (Њукасл)

Под водство на Мекларен, Њукасл се уште нема остварено победа и е закован за дното. Во шест одиграни кола фудбалерите имаат постигнато само три погодоци.

3. Дик Адвокат (Сандерленд)

Минатата сезона беше сметан за херој откако под негово водство Сандерленд успеа да остане во елитното друштво, а сега составот практично му се распаѓа. Неговите идеи не функционираат. Со два освоени бода, Сандерленд се наоѓа на последното место во Премиер – лигата.

4. Брендан Роџерс (Ливерпул)

Катастрофалната одбрана на „црвените“ и слабите резултати во шест кола во Премиер – лигата, но и во Лигата на Европа, се причините поради кои обложувалниците ширум Англија прогнозираат дека Роџерс прв ќе добие „клоца“. Порази од Вест Хем и од Манчестер Јунајтед, реми со Норвич во домашното првенство и реми со Бордо во рамките на Лига Европа се доволно причини за евентуален отказ.

5. Жозе Мурињо (Челси)

Пред неколку месеци Челси беше шампионски тим, а сега Мурињо се мачи со играта на фудбалерите на теренот, а и нивното однесување. Очајната форма на „сините“ им донесе само седум бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП