20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКил повторно загуби од ППД Загреб

Кил повторно загуби од ППД Загреб

kilkil

Ракометарите на ППД Загреб со победа стартуваа во А групата, во Лигата на шампионите. Во првиот меч од оваа група, тимот на Веселин Вујовиќ го победи бундеслигашот Кил со 29:22 (13:11).

Хрватскиот шампион на стартот во новата сезона го повтори минатосезонскиот успех кога славеше над Кил, но за разлика од лани, во четвртокот, Загреб беше убедлив против бундеслигашкиот шампион.

Интересно и неизвесно прво полувреме одиграа двата тима, Кил отвори со два гола, Загреб бргу се консолидираше, најпрвин израмни, а потоа и стигна до водство од 8:5. До крајот на полувремето двата тима направија уште по една серија, најпрвин Кил со четири гола ја врати предноста на своја страна 8:9, а полувремето Загреб го заврши со серија од 5:2, за предност од 13:11.

Решителноста на ракометарите на Загреб да ја забележат првата победа во новата сезона уште повеќе беше изразена на стартото од второто полувреме, кога со добра игра во одбраната два пати добро одиграа во транзиција и стигнаа до позитива од четири гола.

Кил се обидуваше но никако не можеше да влезе во вистинскиот ритам, а во последните десет минути германскиот првак постигна само два гола што значеше убедлив триумф на Загреб.

Сенка на мечот фрли вербалниот судир на Хорват и Тофт Хансен, кој благодарение на брзата реакција на останатите играчи беше спречен да прерасне во физчка пресметка. Инцидентот се случи во 57.минута, а Хорват кој беше иницијатор на инцидентот доби црвен картон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП