ПочетнаКУЛТУРАСестринска промоција на книги на Димишковски

Сестринска промоција на книги на Димишковски

dimiskovski

Денес, во 20 часот, во клуб ресторанот МКЦ, ќе се одржи една невообичаена, сестринска, промоција на најновите книги на Ана Димишковска и Билјана Костовска-Димишковска, во издание на ДИД Табернакул.

„Приватна збирка“ на Ана Димишковска претставува чудесна збирка есеи инспирирани од ликовни дела и од книги во кои авторката ги искажува своите впечатоци од нив и контемплативно ги изразува своите мисли и емоции.

„Денешниот ден“ на Билјана Костовска-Димишковска е необична книга во која авторката интересно ги осмислува страниците исполнувајќи ги со сопствени фотографии и мисли. Поделена е на нешта на кои авторката им го посветува денешниот ден, како формите, колачињата за слава, глуварчето…

За книгите, уметноста и убавото со авторките ќе разговараат Владимир Мартиновски и Вангел Ноневски.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП