16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтранец ќе ја преземе Хрватска, Капело, Липи и Матеус се меѓу кандидатите

Странец ќе ја преземе Хрватска, Капело, Липи и Матеус се меѓу кандидатите

lipi kapelo

Шестмина странци се кандидатите за нов селектор на Хрватска, а четворица од нив се Италијанци.

Според локалниот весник, „Нови лист“, раководството на националната федерација ќе избира помеѓу Фабио Капело, Роберто Донадони, Марчело Липи, Лотар Матеус, Кристоф Даум и Кристијан Панучи.

Еден од нив ќе го наследи Нико Ковач, кој беше отпуштен поради слабите резултати на „коцкастите“ на последните квалификациски натпревари за ЕП 2016-та година. Во двете последни средби тимот одигра нерешено со Азербејџан (0: 0) и загуби од Норвешка (0: 2).

Па така Хрватите, не само што го испуштија првото место во групата „Х“, но ја загубија и втората позиција за сметка на Норвешка. Тие имаат 15 поени, 3 помалку од лидерот Италија и еден од второпласираната Норвешка.

Другата причина за разрешувањето на Ковач е неговиот спор со Лука Модриќ, кој беше заменет против Азербејџан. Селекторот си создаде уште непријатели во неделата, кога изјави дека неговите фудбалери воопшто не го дале својот максимум на натпреварот против Норвешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП