ПочетнаИНТЕРЕСНОПенета прва Италијанка во финалето на УС Опен

Пенета прва Италијанка во финалето на УС Опен

peneta

Флавија Пенета избори пласман во финалето на УС Опен, откако за еден час ја збриша втората носителка Симона Халеп со 6:1, 6:3.

Полуфиналниот меч во Њујорк беше петта меѓусебна пресметка на Италијанката и Романката, а Пенета ја забележа четвртата победа.

Пенета со пласманот во финалето го забележа својот најголем успех на некој од Грен слем турнирите и стана првата Италијанка која ќе се бори за титулата во Њујорк.

И претходно на УС Опен Пенета го постигна својот најголем успех, пред две години во полуфиналето загуби од Азаренка.

Противничка на Пенета во финалето ќе биде победничката од полуфуналната пресмета помеѓу Серена Вилијамс и Роберта Винчи.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП