28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДемикелис си оди поради конкуренцијата

Демикелис си оди поради конкуренцијата

demikelis

Фудбалерот на Манчестер Сити, Мартин Демикелис, кариерата би можел да ја продолжи во родната Аргентина, пренесува Тутомеркато.

Според наводите на овој портал, 34-годишниот дефанзивец е блиску до враќање во својот матичен клуб Ривер Плејт, каде играше од 2000 до 2003 година.

Демикелис во Манчестер Сити доби силна конкуренција на позицијата на која настапува, бидејќи лидерот во Премиерлигата последниот ден од преодниот рок го ангажираше Николас Отаменди од Валенсија.

Оваа сезона Демикелси за Сити има одиграно две средби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП