2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради новите прописи европските банки може да претрпат удар од 137 милијарди...

Поради новите прописи европските банки може да претрпат удар од 137 милијарди евра

banking-jobs

Најголемите европски банки може да имаат капитален удар од 137 милијарди евра поради новите предлози на регулаторите, коментира „CNBC“ базирајќи се на извештајот на „JPMorgan“.

Поради новите прописи за пресметување на капиталните соодноси – клучен показател за способноста на дадена банка да оддолее при економски шокови, доверителите може да ги одбележат со капитални дефицити до 26 милијарди евра до 2018-та година, тврдат аналитичарите на американската инвестициска банка во извештајот.

Сумата од 26 милијарди евра, базирана на анализа на 35 од најважните банки на континентот, сугерира дека исплатата на дивиденди и ризичното кредитирање може да се зголеми, ако предлозите влезат во сила. Можно е да се наметне и банките да продадат или преквалификуваат некои од своите средства за да ги задоволат очекувањата на инвеститорите за нивниот показател „Equity Tier 1“ (CET1) – капитал наспроти ризичните средства.

Банките кои имаат поголема изложеност кон цените на суровините поради кредитирање и инвестирање, се особено погодени, тврди тимот на „JPMorgan“. Ова веројатно не е изненадувачки, имајќи ги во предвид последните падови на цените на суровините во целиот свет.

Како Европската централна банка (ЕЦБ), така и Базелскиот комитет за банкарска супервизија, во моментов разработуваат планови со кои се осигуруваат дека методите кои се користат за пресметување на капиталните соодноси на банките се клучен показател за нивната стабилност, која станува важна во кредитирањето по кризата, се стандардизираат и им даваат на банките помалку можности за заобиколување при пријавување на капиталните соодноси.

ЕЦБ, која ја има функцијата на банкарски регулатор на еврозоната, размислува предлози за намалување до минимум на националните разлики при мерење на капиталот.

Банката, која можеби ќе има најголема потреба од зголемување на капиталот на берзата, е „Raiffeisen Bank“ во Австрија, која најверојатно ќе објави „значителен дефицит на капитал“ од 1 милијарда евра, ако новите правила влезат во сила, покажуваат пресметките на „JPMorgan“.

Француските банки изгледа ќе се претстават исклучително лошо, посочува анализата. „Credit Agricole“ веројатно е во најголем ризик меѓу големите европски банки со недостиг од околу 22% од сегашната пазарна оценка, тврдат уште аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП