25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ-Чилиќ, прво полуфинале на УС Опен

Ѓоковиќ-Чилиќ, прво полуфинале на УС Опен

Cilic-Djokovic_3

Првиот носител Новак Ѓоковиќ и бранителот на титулата Марин Чилиќ се пласираа во полуфиналето на УС Опен. Ѓоковиќ во четвртфиналето го елиминираше Фелисијано Лопез, додека Чилиќ славеше над Жо-Вилфред Цонга.

Ѓоковиќ против 19-от фаворит Фелисијано Лопез одигра далеку од своето препознатливо ниво, но и тоа му беше доволно да се пласира во полуфиналето. Српскиот тенисер, по два часа и 41 минута славеше со 6:1, 3:6, 6:3, 7:6.

Првиот носител ја продолжи низата добри резултати на УС Опен, тој на последниот Грен слем во сезоната не испаднал пред полуфиналето уште од 2007-ма година.

Марин Чилиќ одигра маратон во пет сета против Цонга и успеа да слави со 6.4, 6:4, 3:6, 6:7, 6:4. Бранителот на титулата можеше и порано да го заврши мечот, но тој во десеттиот гем од четвртиот сет не успеа да реализира три меч топки.

„Ѓоковиќ е најтешкиот противник. Никогаш не сум го победил, одигравме неколку густи мечеви, но никогаш не ја пронајдов формулата како да го победам“, изјавил Чилиќ.

Хрватскиот тенисер нема победа во досегашните 13 соочувања со Ѓоковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП