29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон мина без казна во Монца

Хамилтон мина без казна во Монца

hamilton-bez-kazna-monca

Екипата на Мерцедес нема да биде казнета поради недозволениот притисок во пневматиците на двата болиди на трката за Големата награда на Италија, која во неделата се возеше на патеката во Монца.

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон победи во Монца, а судиите по завршувањето на трката покренаа истрага против Мерцедес поради недозволен притисок во пневматиците на болидите кои ги возе Хамилтон и Розберг.

Притисокот во пневматиците на Хамилтон бил 0,3 psi под минимумот од 19,5 psi (1,34 бари), а на болидот на Розберг притисокот бил 1,1 psi под минимумот.

Хамилтон се соочуваше со досквалификација или со казна од 25 секунди, но по одлуката на судиите тој ја задржа 40-та победа во кариерата.

Како што се наведува во соопштението од судиите, биле сослушани техничкиот делегат, преставници на Мерцедес и преставник на Пирели. Судиите утврдиле дека притисокот во гумите бил на минималниот притисок кој е препорачан од Пирели кога тие биле монтирани на болидите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП