25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИлиевски: Сите нé гледаат како аутсајдери, тоа е нашата шанса

Илиевски: Сите нé гледаат како аутсајдери, тоа е нашата шанса

ilievski-vlado

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Владо Илиевски, со умерен оптимизам го најавува учеството на националниот тим на Европското првенство. Најискусниот играч во репрезентацијата се согласува со констатацијата дека предност на Македонија може да биде и тоа што во очите на ривалите во Ц групата е аутсајдер.

„Моја најголема желба е Македонија да се пласира во вториот круг, неважно е дали тоа ќе биде со две или три победи. Како капитен најважно ми е да изгледаме како тим, како тим кој ја репрезентира својата држава. Мислам дека сме на добар пат, уште од почетокот на подготовките во тимот владее добра атмосфера. Верувам во себе и во своите соиграчи дека имаме квалитет да им се спротивставиме на сите. Верувам дека имаме доволно мотив и доволно квалитет за да бидеме на ова ЕП, дали тоа ќе биде доволно за да се пласираме во втората фаза ќе покаже времето“, вели стрелецот на најзначајниот кош во македонската кошаркарска историја.

Македонија во Ц групата, која ќе се игра во Загреб, за противници ќе ги има Грција, Холандија, Грузија, Хрватска и Словенија.

„Реално, со исклучок на Холандија, останатите репрезентации во своите редови имаат имиња кои се веќе докажани во светски рамки. Од друга страна, кај нас се случи смена на генерациите, поголем дел од репрезентацијата е сменета, што значи дека сите други нé гледаат со ‘други очи’. Мое мислење е дека од тој аспект ние можеме многу да изненадиме, поради нашиот стил на игра, поради тоа што многу наши играчи се непознати за противниците. Поради тоа мислам дека поради желбата за докажување која е присутна мораме да изненадиме“, рече Илиевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП