24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА и УЕФА ќе го решаваат „случајот Де Геа“

ФИФА и УЕФА ќе го решаваат „случајот Де Геа“

David-De-Gea-536035 (1)

Сагата околу трансферот на Девид Де Геа во Реал Мадрид, со кој фудбалската јавност е преокупирана во последнте два месеци, ќе биде актуелен и во вторник, откако во понеделникот тој заврши неуспешно, бидејќи документите за регистрација на фубдалерот не стигнале навреме во Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Во целата приказна сега се вклучија ФИФА и УЕФА.

Откако трансферот пропадна останува нејасно што ќе се случи со Кејлор Навас, кој во понеделникот во Манчестер успешно ги мина лекарските прегледи. Костариканецот беше дел од трансферот на Де Геа, односно покрај сумата од 30 милиони фунти „кралскиот клуб“ требаше да го испрати и Навас на „Олд Трафорд“.

Во понеделникот, некаде пред полноќ, во Мадрид се било подготвено Де Геа да биде преставен како нов играч на Реал, но документите од Манчестер не пристигнале на време, според некои шпекулации доцнеле една минута.

Челниците на Манчестер Јунајтед тврдат дека потребната документација била испратена на време, додека од Реал велат дека можат и да презентираат дека тие стигнале по полноќ.

Од друга страна од канцеларијата на Шпанската „La Liga“ тврдат дека документите стигнале на време, но дека не успеале да ги отворат, поради форматот во кој биле испратени.

По се изгледа во целата приказна ќе мора да се вклучат ФИФА и УЕФА, поточно водечките луѓе на двете федерации ќе ја прегледаат целата документација по што ќе пресудат дали Де Геа е новиот голман на Реал.

Исто така останува нејасно дали Манчестер Јунајтед го регистрираше Кејлор Навас.

Преодниот рок во Англија трае до денеска во 18 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП