25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакс Струмица испушти победа на дебито во СЕХА лигата

Макс Струмица испушти победа на дебито во СЕХА лигата

seha-liga

Ракометарите на Макс Струмица со реми 25:25 против Војводина стартува во својата дебитантска сезона во регионалната СЕХА лига.

Играчите на македонскиот вицепрвак одиграа натпревар со многу осцилации, на самиот почеток му дозволија на противникот водство од 0:4, но како одминуваше полувремето тие ја стабилизираа играта и со една серија од 7:1, првиот дел го завршија со предност од 13:11.

Струмица и покрај осцилациите ја контролираше играта сé до последните 20 минути од натпреварот и предноста од 20:16, кога му дозволија на противникот да се врати во мечот.

Во последните десет секунди на теренот во Струмица се случуваше вистинска драма, најпрвин Пецаковски погоди за водство на домашниот тим од 25:24, но во последната секунда радоста на струмичани ја спречи Марјановиќ кој го постави конечниот резултат.

Мајиќ со девет и Чантурија со осум голови беа најефикасни во редовите на Струмица, додека кај Војводина Марјановиќ постигна осум, а Станковиќ седум голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП