24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈанузај во Дортмунд, Чичарито во Леверкузен

Јанузај во Дортмунд, Чичарито во Леверкузен

3597

Аднан Јанузај го напушти Манчестер Јунајтед и во наредната сезона како позајмен играч ќе настапува во Борусија Дортмунд.

Јанузај не успеа да се избори за место во првиот тим на Луј ван Гал па реши да замине во Бундеслигата, во новиот тим тој ќе го носи дресот со број девет.

Во исто време уште еден играч на Јунајтед реши кариерата да ја продолжи во германската Бундеслига. Мексиканецот Хавиер Ернандез Чичарито е последното засилување за Баер Леверкузен, екипа која сезонава ќе игра во Лигата на шампионите.

Леверкузен на Јунајтед за трансферот на Чичарито му плати 12 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП