19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКил освојувач на германскиот Суперкуп

Кил освојувач на германскиот Суперкуп

kil 00

Ракометарите на Кил го совладаа Фленсбург со 27:26 (12:14) и го освоија германскиот Суперкуп. Кил стигна до деветтиот трофеј во Суперкупот и воедно потврди дека е најголемиот фаворит за одбрана на титулата во Бундеслигата, чие 50-то издание ќе стартува викендов.

Кил до победата пред 6.000 гледачи во Штутгарт го предводеше поранешниот играч на Фленсбург, Штефан Вајнхолд, кој постига шест голови, вклучувајќи го и победничкиот постигнат на три секунди до крајот на мечот.

Покрај Вајнхолд, кај Кил се по четири гола мечот го завршија Марко Вујин, Јоан Канељас и Никлас Екберг.

Томас Могесен со седум гола беше најпрецизниот играч на Фленсбург и воопшто на натпреварот.

Инаку Фленсбург речиси во текот на сите 60 минути имаше контрола врз играта и резултатот, во 20-та минута нивната предност изнесуваше пет голови (12:7), но Кил во игра го врати новиот голман Никлас Ландин.

Во последните шест минути Фленсбург двапати имаше предност од два гола, која не успеја да ја сочува и трофејот од Суперкупот му припадна на Кил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП