20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТренерот на ЦСКА Москва е нов селектор на Русија

Тренерот на ЦСКА Москва е нов селектор на Русија

leonid slucki

Фудбалската федерација на Русија го именуваше Леонид Слутски за нов селектор и тој на тоа место ќе го замени Фабио Капело.

Раководното тело на рускиот фудбал минатиот месец ја раскина соработката со Капело, три години пред Мундијалот во Русија, а причината беа лошите резултати во квалификациите за Европското првенство 2016-та година во Франција.

Слутски е тренер на московска ЦСКА со која освои две титули првак на Русија, 2013-та и 2014-та година.

45-годишниот стратег во тренерската кариера ја водеше и екипата на Крилја Совјетов.

Капело беше на кормилото на рускиот државен тим од 2012-та година, ја водеше селекцијата на Мундијалот во Бразил, но не успеа да избори пласман во вториот круг, исто како со Англичаните во 2010-та година.

Русија моментално во Групата Г го зазема третото место со осум бодови, зад Австрија и Шведска, а има уште четири средби до крајот и се уште е во игра за пласман на Европското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП