
Интелектуалната сопственост ги опфаќа креациите на умот. Оваа нова динамична правна гранка се дели на две категории и тоа:


Интелектуалната сопственост ги опфаќа креациите на умот. Оваа нова динамична правна гранка се дели на две категории и тоа:
1. Индустриска сопственост која ги опфаќа патентите, трговските марки, индустриски дизајн и географски одредници.
Предмет на заштита, според Хашката ревизиона конференција од 1925 година, се патентите, корисните модели, индустрискиот дизајн, фабричките и трговските марки, услужните трговски марки, трговското име, ознаката на географското потекло и сузбивањето на нелојалната конкуренција. Истовремено, поимот индустриска сопственост се подразбира во најшироко значење, па не се применува само на индустријата и трговијата во буквална смисла на зборот.
2. Авторски права и сродни права (Терминот авторско право потекнува од латинскиот збор auctor, што во класичниот латински јазик значел создавач, множител, творец, основач, втемелувач, зачетник и др. ) кои опфаќаат литературни и артистички дела како што се новели, поеми, филмови, театарски претстави, музички изведби и композиции, сликарство, фотографија, скулптурство и архитектонски дизајн.
Сродните права го опфаќаат перформансот на изведувачите, односно правата на изведувачите, произведувачите на фонограми (договор за фонограм), телевизиските емисии и радиското емитување.
Тргнувајќи од категоризацијата на авторски дела од член 2 став 1 од Бернската конвенција, македонскиот законодавец во член 3 став 2 од ЗАПСП направил соодветна категоризација на авторските дела. ЗАПСП како авторски дела ги смета особено:

Правната наука игра голема улога во правното обликување на авторското право. Таа дејствува непосредно и тоа преку учество на познатите правници, стручни и научни работници од областа на правото и посредно преку научни и стручни трудови од оваа област преку кои се трасира развојната легислатива на авторското право. Иако правната наука не е главен извор на правото сепак има големо значење за судската практика и законодавната дејност, па така и голема улога во авторското право.
Со донесувањето и стапувањето во сила на Договорот за трговските аспекти на правата од интелектуална сопственост (ТРИПС), како права од индустриска сопственост се почесто се сметаат и трговската тајна (неоткриените информации) и топографијата на интегралните кола. Последниве неколку години се прават обиди во корпусот права од индустриска сопственост да се инкорпорира и името на доменот (domain name).
Користена Литература:
– „Авторско право“, автори: Јадранка Дабовиќ-Анастасовска и Валентин Пепељугоски. — Скопје : Правен факултет „Јустинијан Први“, 2006.
– „Интелектуална сопственост и индустриска сопственост“, автори: Мирјана Поленак-Аќимовска, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Владо Бучковски, Валентин Пепељугоски. — Скопје: Правен факултет „Јустинијан Први“, 2004.
Автор:
Филип Поповски