23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалијани: Пирло е мојата најголема грешка

Галијани: Пирло е мојата најголема грешка

galijani 38

Адријано Галијани, потпретседателот на фудбалскиот клуб Милан, признал дека заминувањето на Андреа Пирло во Јувентус во 2011-та година е неговата најголема грешка во тридецениското работење на „Сан Сиро“.

Инаку Галијани кој во Милан пристигна во 1986-та година е најзаслужниот за доаѓањето на голем број големи ѕвезди во редовите на ‘росо нерите’. Во неговиот мандат Милан освои осум титули во Серија А и пет во Лигата на шампионите.

„Одлуката да му се дозволи на Пирло да си оди од клубот е моја најголема грешка, но вината не е само моја, ја делам, но не прашувајте со кого“, рекол Галијани во ексклузивното интервју за „Gazzetta dello Sport“ по повод неговиот 71-ви роденден.

Во 2011-та година по освојувањето на шампионската титула Милан на Пирло не му понуди нов договор и тој без обештетување се пресели Јувентус каде за четири години освои исто толку титули во Серија А.

Од друга страна по заминувањето на Пирло, Милан полека го загуби шампионскиот сјај. Галијани се надева дека Милан со Синиша Михајловиќ набргу ќе се врати на патеките на славата.

„Го сакавме Ибрахимовиќ во овој преоден рок, но тој има договор со ПСЖ. Одлуката да останат Мексес и Де Јонг е добра, но го сакаме и Ромањоли, Џексон Мартинез беше блиску, но задоволен сум што пристигна Карлос Бака“, го анализирал Галијани она што Милан го направил во досегашниот тек од преодниот рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП