25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси го „брка“ рекордот на Роналдо

Меси го „брка“ рекордот на Роналдо

Barcelona-Lionel-Messi_2887053

Лионел Меси би можел да биде дури вториот фудбалер во историјата кој во една сезона постигнал гол против сите екипи во првенството, нормално доколку ја затресе мрежата на Селта.

Барселона по паузата поради квалификациските натпревари за Светското првенство во Бразил, против Селта ќе игра дури на 30-ти март. Ако Меси постигне гол на оваа средба ќе се изедначи со играчот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, кој минатата сезона успеа да ги затресе мрежите на сите тимови во Примера.

Исто така Меси би можел да биде и првиот играч кој постигнал барем по еден гол на 19 средби по ред.

Од кога на 11-ти ноември Барселона триумфираше во дуелот со Мајорка со 4:2, Аргентинецот постигна најмалку по еден погодок на секоја следна средба. Тој на 18  првенствени натпревари постигна 29 гола или вкупно 42 во сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП