16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед сака трејд – Де Геа за Рамос и Навас

Јунајтед сака трејд – Де Геа за Рамос и Навас

Ramos-De-Gea 2

Директорот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, на Реал Мадрид му понудил размена на играчи – голманот Давид Де Геа за Серхио Рамос и Кејлор Навас, пренесува мадридска Marca.

Де Геа е голема желба на Реал, во него во ’кралскиот клуб’ гледаат како на долгорочна инвестиција, особено откако Икер Касиљас го напушти клубот, но во исто време на Јунајтед јасно му ставија до знаење дека нема да платат 40 милиони евра за талентираниот голман.

Во англискиот клуб се убедени дека со понудената размена ќе ги задоволи двете страни, бидејќи желбата на ’црвените ѓаволи’, Серхио Рамос веќе ги има договорено личните услови под кои би се преселил на „Олд Трафорд“.

Сепак, според Marca, Реал нема да ја прифати оваа понуда на Јунајтед.

Инаку, Манчестер Јунајтед е еден од најактивните клубови во преодниот рок, а на „Олд Трафорд“ веќе пристигнаа Мемфис Депај, Бастијан Швајнштајгер, Матео Дармијан и Морган Шнајдерлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП