29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕХФ: Зомимак патува во Италија или Исланд

ЕХФ: Зомимак патува во Италија или Исланд

ball ehf

Македонските ракометни екипи ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во европските купови во наредната сезона.

Вицепрвакот Зомимак во ЕХФ купот ќе ги започне натпреварите од второто коло, а таму противник ќе му биде победникот од мечот меѓу Бозен (Италија) и Хаукар (Исланд). Ракометарите на Зомимак на првиот меч ќе бидат гости (10/11-ти октомври), реваншот во Струмица ќе се одигра една недела подоцна.

Пролет, во Челинџ купот, натпреварите ќе ги започне од третото коло, а противник ќе им биде екипата на Сасја (Белгија).

ЖРК Металург во Купот на победниците на Куповите, на стартот за противник го доби холандскиот преставник Вестфрисланд, а доколку ракометарките на Металург ја минат оваа рунда, во наредната ќе играат против дански Холстебро.

ЖРК Вардар јуниор и Пелистер во Челинџ купот за противници ги добија екипите на Лондон (Велика Британија) и Шкипоња (Косово).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП