ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијанец ќе се грижи за физичката подготовка на македонските кошаркари

Италијанец ќе се грижи за физичката подготовка на македонските кошаркари

braida 222

Стручниот штаб на македонската кошаркарска репрезентација доби нов член во името на Џакомо Браида.

Италијанецот ќе биде задолжен за физичката подготовка на репрезентативците, а доаѓа на препорака на Сандро Беркардино.

„Македонската кошаркарска федерација за потребите на едукација на својот тренерски кадар, со специфичен акцент на физичката подготовка го ангажира Италијанецот Џакомо Браида, кој доаѓа по консултациите со Сандро Беркардино, докажаниот пријател на македонската кошарка, во тој дел на работата“, се вели во соопштението кое МКФ го објави на својата интернет страница.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП