Американските власти започнаа уште една истрага против „Deutsche bank“ поради перењето на пари од Русија, откриена по обидот за поткупување на еден агент од оваа банка во Москва.
Истрагата ја води регулаторот за финансиски услуги во Њујорк, „DSF“ кој од почетокот на оваа година води и други истраги против најголемата германска банка.
„DSF“ дозна за одбидот на руските купувачи да го сокријат потеклото на своите средства и за тоа да потплатат еден агент на „Deutsche bank“ во Москва. Од неофицијалните извори не беа соопштени повеќе детали, а се истакнува дека и тој обид за подминтување не бил успешен.
„DSF“ се сомнева дека руските купувачи вложуваат рубљи во „Deutsche banк“ во Москва, а потоа канцеларијата на банката во Лондон веднаш ги книжи истите во друга валута на име на истите клиенти.
Оваа пракса овозможува „легално“ изнесување на капиталот од Русија.