ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама сака вложување во еко-возила

Обама сака вложување во еко-возила

obama-car

Претседателот на САД, Барак Обама, ќе побара од американскиот Конгрес да одобри две милијарди долари за истражување и развој на автомобили со таканаречената „зелена“ технологија.

Обама, кој е силен поборник за алтернативни извори на енергија, од неговиот прв мандат во Белата куќа сака парите добиени од истражување и експлоатација нафтените ресурси во САД, да ги насочи кон фонд кој ќе ја финансира „зеленатa“ технологија.

Планираниот износ на пари ќе биде собран во текот на следната деценија и ќе се користи за развој на електрични автомобили и батериите со кои овие возила се движат, но и за возила на компримиран природен гас и биодизел. Претседателот ја презентираше идејата за првпат во февруари 2013-та година, а сега планира да лансира кампања за донесување на планот.

„Фондот ќе биде наменет за развој на технологиите кои ќе доведат до подобри и поевтини транспортни возила. Примарна цел е граѓаните на САД во иднина да се заштитат од високите цени на нафтените деривати, така што ќе користат автомобили кои се движат на струја или со помош на некои други алтернативни видови на извори“, стои во соопштението од Белата куќа.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП