21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBank of China под обвинение за перење пари во Италија

Bank of China под обвинение за перење пари во Италија

banka china 220

Италијанското обвинителство сака да поведе постапка за филијалата на „Bank of China“ во Милано и речиси 300 луѓе кои се обвинети за учество во шема за перење пари, објави „BBC“.

Обвинителството во Фиренца тврди дека 4,5 милијарди евра се префрлени од Италија во Кина. Парите биле собрани преку проституција, фалсификување, избегнување на даноци и експлоатација на трудот, тврдат обвинителите. Според агенцијата „Ansa“ четворица од највисоките претставници на „Bank of China“ ќе одговараат за овој случај.

Околу половина од 4,5 милијарди евра, пренесени меѓу 2007-ма и 2010-та година, поминале низ филијалата на банката во Милано, тврдат истражните органи.

„Bank of China“ добила околу 758.000 евра провизија за трансферите на пари. Според тврдењата трансакциите под прагот од 2000 евра, кој предизвикува проверки за перење пари, биле милиониски. Оттогаш овој праг е редуциран до 1.000 евра.

Во моментов италијански судија размислуваат дали „Bank of China“ и 297 лица да бидат изведени пред суд.

„Огромното перење пари го заздравило економскиот капацитет на кинеските мафијашки организации кои се занимаваат со илегална имиграција во земјата“, вели агенција „Ansa“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП