25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Геа бара Касиљас да биде продаден за да дојде во Реал!

Де Геа бара Касиљас да биде продаден за да дојде во Реал!

iker de dea 003

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа има поставено интересен услов за да реализира неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Се тврди дека шпанскиот голман на „црвените ѓаволи“ инсистира Икер Касиљас да си замине од кралскиот клуб, за да дојде тој на „Сантијаго Бернабеу“.

Потсетуваме дека во последните недели многу се зборува дека Касиљас ќе се раздели со клубот во кој ја помина целата досегашна кариера. Потоа, сепак блиски извори до играчот објаснија дека Икер нема намера да ги напушти „кралевите“ и е подготвен да се бори за првотимскиот статус.

Овие информации очигледно не му се допаднале на Де Геа, за кого гласините велат дека инсистирал пред управата на Реал еднаш засекогаш да го решат прашањето со капитенот.

Во моментов се открива дека износот што треба да шпанскиот гигант да го исплати за Де Геа изнесува точно 25 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП