19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини го посакува Чичарито

Манчини го посакува Чичарито

inter cicharito

Чичарито Ернандез е новата желба на Интер откако Роберто Манчини ја продолжи потрагата по нови напаѓачи за својот тим. Откако беше потврдено дека Подолски ќе се врати во Арсенал, „нероаѕурите“ ја почнаа потрагата по нов голгетер, а многу високо на листата со желби на Манчини се наоѓа токму Мексиканецот.

Тој е достапен за трансфер по истекот на позајмицата во Реал и враќањето во Манчестер јунајтед, каде веќе му беше кажано дека не е дел од плановите на Луј ван Гал. „Црвените ѓаволи“ бараат 13 милиони евра за неговите услуги, но Интер се обидува да ја намали оваа сума, со оглед на фактот дека Чичарито има само уште една година од договорот со англискиот гигант. Според италијанските медиуми, Интер нема да ја надмине понудата од седум милиони евра, па на Јунајтед е да реши дали ќе даде зелено светло за овој трансфер, уште на почетокот од летниот преоден рок, или ќе чека подобра понуда до крајот на летово.

Во меѓувреме, „нероаѕурите“ се подготвуваат за продажба на хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ, кој за сума од околу 20 милиони евра ќе се пресели во редовите на Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП