29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Геа побарал да биде продаден во Реал!

Де Геа побарал да биде продаден во Реал!

dege a 22

Останувањето на голманот Давид де Геа во Манчестер Јунајтед изгледа се помалку веројатно.

Изданието „Goal.com“ се повикува на информации од извор во раководството на англискиот гигант, според кој Шпанецот им рекол на шефовите да го продадат на Реал Мадрид.

И сепак пред раководството на „црвените ѓаволи“ останува една дилема. А таа е дали да се разделат со голманот веднаш и наспроти соодветната сума, или да почекаат една година, додека да истече неговиот договор и потоа да го изгубат како слободен агент.

Менаџерот Луис ван Гал се потпира многу на Де Геа и токму тој може да биде последната пречка пред реализирање на трансферот на голманот на „Сантијаго Бернабеу“. Јасно е само дека тој сигурно ќе игра за Реал, прашањето е само кога.

Ако зделката се оствари, „црвените ѓаволи“ ќе ја забрзаат побарувачката на негов заменик. Опциите пред нив се Уго Лорис од Тотенхем и Самир Хандановиќ од Интер. И покрај сите положби, нов голман ќе биде доведен уште ова лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП