19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена против Башчински во полуфиналето на РГ

Серена против Башчински во полуфиналето на РГ

French Open tennis tournament at Roland Garros

Серена Вилијамс и Тимеа Башчински ја формираа втората полуфинална двојка на женскиот дел од турнирот на Ролан Гарос.

Серена во четвртфиналето ја декласираше Сара Ерани со 6:1, 6:3, а во два сета до полуфиналето стигна и Башчински 6:4, 7:5 против Алисон Ван Ујтванк.

Серена Вилијамс по 27-ми пат во кариерата ќе игра полуфинале на еден Грен слем турнир, а досега триумфирала 19 пати. Последен пат Серена загуби полуфинале во 2009 година од Ким Клајстерс на УС Опен.

Серена во 2002 и 2013 година ја освојуваше титулата на Ролан Гарос.

За разлика од Серена, Башчински го постигна својот најголем успех во кариерата, претходно на Грен слем турнирите таа никогаш не стигнала подалеку од третото коло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП