ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната поголема од очекуваната

Инфлацијата во еврозоната поголема од очекуваната

evrozona1

Инфлацијата во еврозоната во мај била повисока од очекуваната, соопшти денес европската канцеларија за статистика Еуростат.

Во соопштението се наведува дека потрошувачките цени во 19 члената еврозона во мај пораснале за 0,3 проценти на годишно ниво. Аналитичарите очекуваа зголемување од 0,2 проценти.

Во податоците на Еуростат не се наведени месечните податоци, но на годишно ниво се гледа дека поскапата необработена храна и услугите, што имаа најголемо влијание на вкупниот индекс.

Растот на инфлацијата би можел да значи дека програмата на Европската централна банка ЕЦБ за купување на обврзници, со цел вбризгување на дополнителна готовина во економијата за да се спречи дефлација, донесе брзи резултати.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП