ПочетнаИНТЕРЕСНОУсловна суспензија за Гечевски

Условна суспензија за Гечевски

gecevski 100

Дисциплинската комисија на КФМ му изрече шестмесечна суспензија на центарот на Работнички Тодор Гечевски, поради давање некоректни и неспортски изјави по дерби мечот со МЗТ, одигран во рамките на 5-то коло во Суперлигата.

Гечевски, сепак, нема да отсутвува од кошаркарските терени, бидејќи Дисциплинската комисија му одреди условна казна од една година, што значи дека еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња во период не смее да го повтори делото, во спротивно ќе мора да ја одлежи шестмесечната суспензија.

Условниот дел од казната на Гечевски ќе трае до 15-ти мај следната година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП