ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците повторно масовно подигаат пари од банките

Грците повторно масовно подигаат пари од банките

greek

Во изминатава недела гужвата на шалтерите на грчките банки се интензивираше, бидејки грците масовно си ги повлекуваа парите од своите сметки поради зголемениот ризик од грчкиот банкрот.

“Неделава што помина беше најтешка бидејки граѓаните подигаа средства просечно помеѓу 200 и 300 милиони евра дневно”, изјави неименуван претставник на една грчка банка.

Одливот на капитал од банкарските сметки на грчките граѓани во април се зголеми и достигна пет милијарди евра. Во март изнесуваше 1,91 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Гужвата пред грчките банки потсетува на слична ситуација од 2010 и 2012 година, кога Грција исто така беше во криза.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП