18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал потврди дека Анчелоти добил отказ

Реал потврди дека Анчелоти добил отказ

carlo-ancelotti-real-madrid-valencia-liga-bbva-05092015_1smwusbvm2o1l1dg7tse2h8ups

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид потврди дека Карло Анчелоти повеќе не е тренер на овој клуб. Првиот човек на Реал, Флорентино Перес се сретнал со тренерот и му соопштил дека мора да му врачи отказ.

„Одборот реши да му врачи отказ на Анчелоти. Наредната недела ќе објавиме кој ќе биде новиот тренер на Реал. На тимот му е потребен нов предизвик, а ќе биде добро доколку новиот тренер го владее шпанскиот јазик“, рекол Перез.

Анчелоти пред две години го наследи Жозе Мурињо, лани на клубот му ја донесе десеттата титула во Лигата на шампионите, но во двете сезони не успеа да ја освои шампионската титула во домашното првенство.

Италијанскиот стратег со Реал оствари 89 победи со 16 порази и гол разлика 323-103, оваа сезона ја заврши без освоен трофеј.

Според медиумите во потесниот избор за нов тренер се Рафа Бенитез и Јирген Клоп, додека за Анчелоти се говори дека ќе се врати во Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП