18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед шокиран од цената на Бејл

Јунајтед шокиран од цената на Бејл

gareth-bale-transfer-Man-Utd

Манчестер Јунајтед се обиде во своите редови да го доведе Герет Бејл од Тотенхем, но лидерот во Премиер лигата беше шокиран од цената од 80 милиони евра која ја бара лондонскиот клуб за овој играч.

Тотенхем е одлучен во намерата да не го продава својот најдобар играч на ривали од првенството. А од друга страна тие ќе се обидат да го задржат Бејл и да му ја зголемат платата на 175.000 евра неделно.

Покрај Јунајтед има понуди и од други европски великани, пред се од Реал Мадрид, но наводно Бејл им рекол на своите пријатели дека ќе остане во Тотенхем доколку екипата избори пласман во Лигата на шампионите.

Одличниот Велшанец, кој оваа сезона на 35 натпревари постигна 21 гол, го посакуваат и Манчестер Сити и Баерн Минхен. Претходно тој изрази желба да се пресели во Мадрид, кој може да го добијат тек во 2014-та година.

Интересот на Јунајтед за Бејл дополнително порасна поради магловитата иднина на Вејн Руни на Олд Трафорд, иако Фергусон потврди дека Англичанецот ќе остане и натаму во редовите на „црвените ѓаволи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП