ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал нема да биде меѓу носителите во наредната сезона во ЛШ

Реал нема да биде меѓу носителите во наредната сезона во ЛШ

championnnn

УЕФА ги објави носителите на групите за следната сезона во Лигата на шампионите меѓу кои го нема Реал Мадрид.

Имено, УЕФА реши од наредната сезона носители да бидат шампионите на седумте држави кои имаат најголем УЕФА коефициент и бранителиот на титулата. Бидејќи во годинешното финале ќе играат Барселона и Јувентус, кои веќе ги освоија титулите во своите првенства, тогаш носител ќе има и осмата држава според коефициентот, во случајов тоа е холандската.

Носители на групите во сезоната 2015/2016 ќе бидат Барселона, Челзи, Баерн Минхен, Јувентус, Бенфика, ПСЖ, Зенит и ПСВ Ајндховен.

Во вториот шешир, кој се одредува според клупскиот коефициент ќе се најдат Реал, Атлетико, Порто, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Валенсија и Баер Леверкузен.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП