24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал: Ќе биде тешко да го задржиме Де Геа

Ван Гал: Ќе биде тешко да го задржиме Де Геа

De-Gea-Van-Gaal-1200

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј ван Гал, рекол дека клубот нема да може да го спречи Давид де Геа доколку сака да се пресели во Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пренесоа дека Реал на голманот Де Геа му понудил богат договор, а Ван Гал смета дека тој нема да ја одбие понудата.

„Тој е Шпанец, шпански рпрезентативец, а сега добива понуда од шпански клуб. Неговата девојка е Шпанка, неговите родители доаѓаат секоја или секоја втора недела во Манчестер. Ќе биде тешко да го задржиме“, изјавил Ван Гал.

Инаку, Де Геа во неделата натпреварот со Арсенал (1:1) го заврши на полувремето, поради повреда на тетивата. Тој најверојатно нема да го брани голот на Јунајтед во последното коло против Хал Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП