ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот се одвива по суви коловози

avtopat zakoni

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП