28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгуеро се враќа во Мадрид, но во Реал

Агуеро се враќа во Мадрид, но во Реал

aguero

Серхио Агуеро би можел во текот на претстојното лето да го напушти Манчестер Сити и да премине во Реал Мадрид. Аргентинецот најверојатно не е среќен во неговиот актуелен клуб од Островот, а поради тоа што неговиот син живее во Мадрид, тој би можел наскоро да му се придружи.

Агуеро уште од порано покажуваше симпатии кон Реал и отсекогаш посакувал еден ден да го облече белиот дрес на познатиот клуб.

Доколку дојде до реализација на трансферот, аргентинскиот репрезентативец во јуни би се вратил во Мардид, каде своевремено ги бранеше боите на Атлетико. Реал бара нови аквизиции, поради тоа што челниците на клубот не задоволни од ефектот на Карим Бензема и Гонзало Игуаин. Поради претходните изјави на Агурео дека би му било чест да заигра на Сантијаго Бернабеу, а и според сегашната состојба во Реал, неговата желба за враќање во Мадрид дополнително се зголеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП