20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСелекторот на одбојкарите го објави списокот за Европската лига

Селекторот на одбојкарите го објави списокот за Европската лига

odbojkari mak

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Жарко Ристовски, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за натпреварите во Европската лига.

Првиот собир на репрезентативците е закажан за 1-ви јуни, а подготвките ќе бидат реализирани во три фази.

Македонија во Европската лига ќе се натпреварува во А групата против Полска, Израел, Естонија, Австрија и Данска. Првиот меч Македонија ќе го одигра во Естонија на 10-ти јули.

Комплетниот список на селекторот Жарко Ристовски од 16 одбојкари е следниот:

Техничари: Филип Деспотовски – Тјумен (Русија), Ѓорѓи Ѓорѓиев – Марек унион (Бугарија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев – Париз  (Франција), Јовица Симовски – Ајачио (Франција)

Универзалци: Владо Милев – Крајова (Романија), Вук Карановиќ – Кобург (Германија), Александар Љафтов – Стеауа (Романија), Марјан Урдов – Струмица, Перо Стојчев – Сушево

Средни блокери: Ѓоко Јосифов – Стеауа (Романија), Ристо Николов – Стеауа (Романија), Ристо Клопчевски – Лирија, Филип Маџунков – Струмица, Зоран Ѓорѓевски – Лирија

Либера: Васе Михаилов – Струмица, Дарко Ангеловски – Лирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП